Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) БИЗНИС ФОРУМ: Канадски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Македонија

(ФОТО) БИЗНИС ФОРУМ: Канадски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Македонија
Македонија 2025 минатиот викенд ја организираше бизнис конференцијата во Торонто која ја промовираше Македонија како како извозно-ориентирано средиште за поголем број индустрии и нејзините инвестициски можности. Свое обраќање имаа претставници на владата на Македонија- министрите Миле Јанакиевски и Џери Наумоф, како и Виктор Мизо - Директор на Дирекцијата за техонолошки индустриски развојни зони, кои ги претставија можностите за инвестирање во земјата, како и претставници на владата на Канада и провинциската влада на Онтарио. Повеќе од 25 говорници, извршни директори и предводници на одредени сектори на индустријата дискутираа за можностите за инвестирање во автомобилскиот, енергетскиот, рударскиот, информацискиот, агроиндустрискиот и во здравствениот сектор, кои се клучни сектори на македонската економија Сенаторот на Онтарио Дон Мередит истакна дека Торонто- трговскиот центар на Канада и дом на повеќе од 100.000 Македонци, е домаќин на овогодинешната конференција: „Канада и Македонија ги користат во полза на взаемниот бенефит добрите односи чии почетоци датираат уште од почетокот на 19 век. Како претприемач и горд пријател на Македонија, ја поздравувам оваа навистина особена можност за подобрување на билатералните инвестиции и трговските партнерства помеѓу Канада и пазарот од 175 милиони жители на Јужна и Централна Европа,  што е во пораст“, изјави Сенаторот Мередит. На конференцијата учествуваа повеќе од 100 реномирани претставници на македонската бизнис дијаспора во Северна Америка, членови на Одборот на Македонија2025, потенцијални канадски инвеститори, како и бизнис делегација од Македонија. „Овој инвестициски форум е навистина многу успешен од аспект на темите, почесните говорници и присутните гости. Дури и македонците кои досега не ја посетиле Македонија се импресионира од она што го слушнаа за земјата и се надеваме дека настанот ќе вроди со нов прилив на инвестиции во Македонија.“ – изјави Џон Битов Помладиот, член на одборот на МК2025. На почетната церемонија говорниците,  Фил Евершед- генералниот директор на Canaccord Genity и Бет Причард- главната стратешка советничка на Sunrise Beauty Studio, потенцираа колку е голема потребата од стратешка експанзија на меѓународните пазари, како и за тоа колку се важни стратешките партнерства во создавањето на глобални брендови. „Големите интернационални партнерства доведуваат до зголемување на главните компетенции. Природните ресурси што ги има Македонија, стручната и образована работна сила, како и одличната оперативност поддржуваат добри резултати во бизнисот. Сево ова овозможува создавање на партнерства што произведуваат развој и профитабилен пораст.“ – потенцираше г-ѓа Причард. Трибината посветена на секторот за автомобилски делови ја посочи Македонија како прва постојка на тлото на Европа што ќе и овозможи подобра глобална компетитивност на оваа канадска индустрија. На трибината зборуваше Флавио Волпе- Претседател на здружението на изработувачи на автомобилски делови, што е канадско национално здружение кое ги претставува интересите на ОЕМ (Произведувачи на оригинална опрема) пред светската автомобилска индустрија; членовите на ова здружение претставуваат 90% од сите независни произведувачи на делови во Канада. Во 2013, извозот на автомобилски делови достигнал 24 милијарди долари, а индустријата вработува над 80,000 луѓе. Господинот Волпе ја препознава добрата позиционираност на Македонија во однос на критичните индикатори во оваа индустрија, ефикасната оперативна структура, пристапноста до стручен работен кадар,  поддршката од страна на владата и достапноста до клучни пазари. „Македонија има правилен однос кон привлекување инвестиции и ужива репутација на добар поддржувач на производствените компании. Производителите на автомобилски делови, кои се во потрага по критична маса на Произведувачи на оригинална опрема (ОЕМ) во отворен пазар, дефинитивно треба да ги имаат предвид клучната поставеност и добрата инфраструктура со кои располага Македонија“, прецизираше Волпе. Македонија2025 ќе работи на зајакнување на врските со канадските инвеститори и ќе продолжи и понатаму да ја промовира Македонија како добра локација за бизнис.
Слично

Поврзани вести