(ФОТО) Бинош: „Се вљубив во Охрид и Хераклеја, ќе се вратам во Македонија“
„Сигурно ќе се вратам во Македонија, станав голем обожавател на иконите во Охрид и на античкиот театар во Хераклеја, восхитена сум и од приказните поврзани со нив, навистина ме восхитија“, рече оскаровката Жулиет Бинош на нејзината средба со македонските медиуми и обожаватели, на маргините на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.
Малата сала на Центарот за култура – Битола беше претесна за сите обожаватели на славната оскаровка, а јавниот разговор со неа го водеа Лабина Митевска и Жарко Кујунџиски.
Таа рече дека во изборот на филмовите често се раководи од интуицијата.
„Понекогаш не знам зошто сум прифатила некој улога, но потоа во текот на работата ми станува јасно дека сум морала да ја поминам и таа животна трансформација. Во секоја уметност треба да се надминеме себе“, рече таа.
Аплауз кај публиката предизвика нејзиниот одговор на прашањето зошто како Французинка говори англиски јазик
„Го сакам својот јазик, но не сум шовинист“, рече Бинош.
За среќата таа вели дека треба секогаш да се бара и наоѓа во себе.
„Ако ја барате среќата надвор од себе, таа секогаш ќе ви бега“, рече таа.
Жулиет Бинош рече дека е вклучена во работата на „Репортери без граници и рече дека се залага за слободата на изразување и го поддржува барањето за ослободување на притворениот иранскиот режисер Јафар Панахи.
Бинош во Битола пристигна по светската промоција на филмот Облаците на Силс Марија во Торонто, најнов проект изработен специјално за неа од режисерот Оливие Асаја, а кој синоќа беше прикажан и во големата сала на НУ Центар за култура-Битола.
Според неа, филмот е извонредно остварување во кое меѓу другото на површина се издигнала улогата на кинематограферот и уште еднаш го потврди значењето и улогата на кинематограферите и нивната соработка и поддршка на актерите.
На отворениот разговор со публиката во Битола, на прашање од модераторот Лабина Митевска во врска со нејзините активности во јавните политики, Бинош потврди дека освен преку филмот низ кој секогаш е во потрага по вистината, таа се труди и во јавниот живот да влијае врз намалувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните во светот.
„Кога сакате да правите промени тогаш треба да сте совесни и свесни и добро информирани. За мене тоа е најважното, свеста и совеста. Не можете да правите промени надвор, ако не се промените од внатре, од душа. Се борам за намалување на јазот помеѓу богатите и сиромашните, луѓето што имаат моќ и може да направат промена, односно да го смалат големиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Јас знам дека сите ние имаме некаква моќ и затоа е потребна добротворна работа и желба да се помогне со реални акции. Мојот инстинкт секогаш ми вели помагај на луѓето околу себе“, рече меѓу другото оскаровката Бинош за својата хуманитарна активност.
Како што е познато, Бинош им помага на децата од светот, таа е кума на девет сираци од Камбоџа, финансирала градба на дом за деца без родители преку хуманитарната огранизација „Децата на Азија“.
Жулиет Бинош по кусиот престој во Македонија, попладнево го завршува учеството на 35. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Слично