(ФОТО) Бината наместена, луѓе полека пристигаат пред Собрание!
Подготовките за вечерашниот митинг кој треба да започне за помалку од еден час се готови.
Бината пред Триумфалната капија во центарот на главниот град е наместена, а граѓани ширум Скопје и земјава полека пристигаат на збирното место пред Собрание.
Митингот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ е закажан за во 20 ч а ќе се одвива под мотото „Македонија силна“.
Се очекува збор да имаат повеќемина говорници, а последен говор ќе одржи лидерот на оваа партија и премиер Никола Груевски.
Првите автобуси со приврзаници на владините политики пристигнуваат во Скопје. Од Штип тргнале 45 автобуси, слична бројка и од Битола и Прилеп, од Охрид двесетина автобуси и 30 комбиња, колку што се очекуваат и од Велес, Кавадарци и други општини.
Од ВМРО –ДПМНЕ велат дека главната порака од собирот ќе биде силна и стабилна Македонија која ќе се бори за нови работни места, реформи, економски курс, а не за политички подметнувања.
Во функција на набљудувач и вечерва ќе биде европарламентарецот Ричард Ховит, кој вечера беше дел и од митингот на опозицијата.

Слично