Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) „Билд“: Канцеларијата за странци во Дизелдорф преполна, Македонците чекаат ред и до девет месеци

(ФОТО) „Билд“: Канцеларијата за странци во Дизелдорф преполна, Македонците чекаат ред и до девет месеци

Пред канцеларијата за странци зад главната станица во Дизелдорф секојдневно се формираат долги редици, а во репортажата што ја објави „Билд“ се вели дека ситуацијата е вонредна затоа што чекалната е пренатрупана и служните не можат да постигнат.
Претседателот на персоналниот комитет Павле Маџиров (40, ЦДУ) го нарекува ова "неиздржлива состојба" и ги повика градските служби да ја подобрат ситуацијата. 
„Во моментов чекаат 73-ца во канцеларијата. Ова е тешко и за апликантите и за вработените во општината“, вели Маџиров за „Билд“.

Оној кој го знае ова од сопственото болно искуство е Дејан Д. (43, службеник). Тој и неговата сопруга (34, асистент за нега) чекаат со часови за да добијат средба за нивната дозвола за престој.


"Мораме да чекаме девет месеци само за првата консултација. Само за да дознаете кои формалности треба да се исполнат“, вели тој.

Окружниот директор Миријам Кох (53) вели дека работата постојано се зголемува, бројот на моментално 160.000 странци во Дизелдорф продолжува да расте. Поради општиот недостиг на квалификувани работници, тешко може да се најдат добро обучени нови работници. Вели дека некои од услугите треба да се добиваат во повеќе соодветни простории.

Според градскиот директор Буркхард Хинце (53), 13 вработени се на боледување, а 24 шалтери се недоволни..Веќе се разговата за предлог-решенија за поголем број на вработувања на службеници.


Слично

Поврзани вести