(ФОТО) БЕЗ БОМБИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Груевски во Гевгелија, Заев во Струмица!
Лидерите на двете најголеми партии Груевски и Заев посакаа љубов, спокој и искреност по повод Велигден. Тие со семејствата за празникот се појавија во Струмица, односно во Гевгелија. Со оглед на најавите за разврска на политичката криза, прашање е дали пред Македонија доаѓа спокоен период?
Премиерот Груевски со семејството најнапред запалија свеќи по повод големиот христијански празник Велигден во црквата „Свети Кирил и Методиј„ во Гевгелија а потоа по убавото време прошеатаа низ центарот на градот. Груевски денеска упати честитка по повод Велигден до сите православни христијани :
„Пораката на овој ден е љубовта и искреноста да не бидат скудни во нас, вели премиерот Груевски и додава дека тие треба да бидат наша одлика во секојдневието и ќе ни донесат почит од луѓето“
Лидерот на опозицијата Зоран Заев, ноќеска на полноќ присуствуваше на Велигденската воскресна литургија во црквата „Св. Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.
Христовото воскресение го дочека со сопругата Зорица, претседателот на Советот на општината, Јосиф Христов и членови на истиот, најблиските соработници и поголем број граѓани кои се собраа во овој православен храм.
Честитајќи си ги велигденските празници сите заедно си посакаа здравје, радост и спокоен живот во семејствата.

Слично