Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) „Бекутан“ – македонскиот бренд кој ја надживеа СФРЈ

(ФОТО) „Бекутан“ – македонскиот бренд кој ја надживеа СФРЈ
Само еден македонски производ се наоѓа на листата од пет најголеми брендови на поранешна Југославија кои го надживеаја распадот на заедничката држава и се уште се продаваат одлично во целиот регион. Телевизијата Ал Џезира снимила репортажа за брендовите кои ја преживеале „комунистичката економија“  и успешно ја поминале трансформацијата во капиталистички систем, па ги избрала петте брендови што се уште се продаваат одлично. Еве кои се тие: 1. Кремата за деца „Бекутан“ на „Алкалоид“ - Скопје постои повеќе од 36 години и одлично се бори со исклучително силната конкуренција на пазарот на козметички производи во поранешна СФРЈ. Досега се произведени над 45 милиони креми, а брендот на „Бекутан“ е препознатлив и за новите генерации во некогашните ју-републики. 2. Хрватскиот зачин „Вегета“ не само што успеа да ги задржи пазарите на поранешна СФРЈ, туку успеа и да ја прошири продажбата во 40 земји од светот. 3. Од некогашните 3.000 вработени во фабриката за мотоцикли „Томос“, денес работат само 25. Сепак брендот се одржува со погоните во Турција и се уште е исклучителнои продаван во екс-ју републиките. 4. Српската индустрија за кекси „Бамби“ произведува 70 милиони кутии годишно и прави обрт од 10 милиони евра. 5. На листата се најде и словенечката фабрика за апарати за домаќинство „Горење“, која денес производството го шири и во азиските земји.
Слично

Поврзани вести