Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Бектеши: Гужва за мерките на Министерството за економија

(ФОТО) Бектеши: Гужва за мерките на Министерството за економија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, со објавени фотографии на својот профил на „Фејсбук“ истакна дека кај граѓаните постои голем интерес за мерките за енергетска ефикасност со кои се надоместуваат дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства и за инсталирање на ПВЦ или алуминиумски прозорци.

„Голем интерес од страна на граѓаните за мерките на Министерството за Економија!
Горд за спроведените мерки за енергетска ефикасност!“, напиша Бектеши.

Од вкупните средства од 30 милиони денари за субвенционирање, ќе им биде обезбеден поврат на дел од средствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари за сончевите термални колектори, додека за купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе се реализира поврат на дел од средствата до 50%, но не повеќе од 25.000 денари


Слично

Поврзани вести