Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Автомобил се заби во билборд кај ФОН

(ФОТО) Автомобил се заби во билборд кај ФОН

Ноќеска околу  2.30 часот кај  Универзитетот ФОН, на крстосницата меѓу улиците „Перо Наков“ и „Киро Глигоров“ се случи сообраќајна незгода.

Имено, автомобил „опел астра“ управуван од Д.М. (30) излетал од патот и прво удрил во три метални столбчиња, за на крај да се забие во метално рекламно пано, кое од силината на ударот се превиткало и паднало врз возилото.

Возачот од силниот удар се здобил со тешки телесни повреди при што  е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување.

Од СВР Скопје велат дека по извршениот увид ќе се знаат причините за несреќата.

bilbordvozilo

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Слично

Поврзани вести