ФОТО: Автомобил бомба експлодираше во Џизра – има мртви
Повеќе од девет луѓе загинаа, а 64 се повредени, во силна експлозија која се случила во близина на полициска станица во Џизра, во југоисточна Турција.
Меѓу загинатите има и тројца полицајци. Експлозијата ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во близина. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба.
Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан.
Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која е близу границите со Сирија и Ирак. Во оваа област живеат Курди.
ПКК во Турција, САД и ЕУ е на листата на терористички организации.
Слично


