(ФОТО) Австрискиот министер Себастијан Курц во посета на хидроцентралата “Матка”
Министерот за надворешни работи на Австрија г-дин Себастијан Курц, во рамки на официјалната посета на Република Македонија, ја посети хидроцентралата “Матка” на ЕВН Македонија.
Заедно со својата делегација и придружуван од Амбасадорот на Република Австрија во Македонија д-р Томас Михаел Баер, г-дин Курц имаше можност да се запознае со богатата историја на Матка, која датира од триесетите години Хидроцентрaлата Матка покрај живописната природа која ги остава посетителите без здив, најтесно е поврзана со електрификацијата, а со тоа и развојот на Градот Скопје и неговото прераснување во модерна метропола.
Г-дин Курц за време на својата посета на Македонија оствари и средби со македонскиот државен врв.
Слично



