Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) АВСТРИСКАТА ПОЛИЦИЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД ЖЕНИТЕ СНИМЕНИ СО ДЕВОЈЧЕТО ВО ВИЕНА: Сите кои имаат информации можат да помогнат

(ФОТО) АВСТРИСКАТА ПОЛИЦИЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД ЖЕНИТЕ СНИМЕНИ СО ДЕВОЈЧЕТО ВО ВИЕНА: Сите кои имаат информации можат да помогнат

Полицијата во Австрија трага по две жени кои беа снимени во Виена со девојчето за кое се верува дека е малата Данка Илиќ, која исчезна на 26 март во Бор.

Полицијата објави и фотографии од жените по кои трага.  Виенската полиција апелираше до сите граѓани кои имаат какви било информации за жените од видеото да се јават кај органите на прогонот на 01-31310-33800 или во која било полициска станица.

Српски државјанин кој живее во Виена ги сними жените и девојчето кое личи на исчезнатата Данка.  Полицијата со часови го анализирала видеото. 

Како што јави репортер на CNN кој е во Бањско Поље во Бор, детето од видеото не е Данка Илиќ.

Според нивните неофицијални сознанија, девојката од видеото го разбира романскиот јазик.

„На снимката се слуша „извади го од торбата“, на што таа се наведна и извади нешто од багажот“, изјави репортерот на CNN.

Но, српскиот државјанин кој го сними видеото тврдеше дека детето не реагирало додека жените му зборувале. Данка има 2 години. 

Слично

Поврзани вести