Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Апел: И нив им е потребна помош!

(ФОТО) Апел: И нив им е потребна помош!

Иако животите на луѓето се приоритет, српските медиуми апелираат на сите граѓани доколку наидат на напуштени животни да не ја вртат главата на друга страна. Сектретарот за земјоделство апелираше евакуираните граѓани да ги понесат со нив и домашните животни.

Во моментите кога целата земја е на нозе поради несреќата која ја снајде Србија во изминатите два дена, додека се борат со водената стиија, и ги пребројуваат вистинските животи, да се потрудиме да ги спасиме и другите животи, кои не се човечки, пишуваат српските медиуми. Овие животни биле нечиј најдобар пријател, утеха, и радост.

Препуштени на судбината, и на оние кои се во состојба да помогнат. Апелираме да не ја вртите главата на другата страна, доколку ги видеите немоќни. Помогнете, префрлете ги на безбедно...
Фотографиите преземени од социјалните мрежи и агенциите говорат се...
Некои животни се снаоѓаат сами, на некои им помагаат луѓето, а некои сеуште чекаат помош. Исто така тамошните власти апелираат луѓето да ги одврзат добитокот и животните бидејќи така ќе можат да пливаат и да се спасат сами.
Слично

Поврзани вести