Ова е четврти ден како се протестира пред општина Битола, а најавија дека протестите ќе породолжат и следните денови.
ФОТО: ТераТв
ФОТО: Антивладини протести и во Струмица и Битола
Граѓански протести со исти барања, истовремено почнаа и во Битола, а од вечерва протести почнаа и во Струмица.
Битолчани и вечерва се собраа пред општинската зграда, а дел од нив се обидоа да го истуркаат полицискиот кордон и да влезат внатре.
Но, безуспешно, вечерва беше најбројно полициското обезбедување и пред општината имаше дури четири реда полицајци.
Демонстрантите велат дека даваат подршка на Специјалното обвинителство кое деновиве го отвори пресметот Транспортер за превозот на учениците во Битола a извикуваа „оставка“ и „мафија за робија“.
Слично


