Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Анѓушев седна во „фиќо“

(ФОТО) Анѓушев седна во „фиќо“

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ја испроба внатрешноста на првиот македонски електричен автомобил создаден од ББ Класик карс. Проектот чини десет милиони денари, од кои седум како грант ги додели Фондот за иновации и технолошки развој.

Станува збор за ретро фиат како проект што е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и странскиот инвеститор Кеслер, кој произведува електромотори за автомобили и во Илинден работи со 40-тина инжењери.

– Презентацијата на автомобилот е точно она што ние го посакуваме да го видиме како резултат од програмите што ги има Владата и во ФИТР и во рамките на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Мило ми е што денеска гледам дека веќе се случува во реалноста тоа што беше наша замисла да го видиме како резултат од програмите што ги спроведовме. Овој проект е еден од таквите позитивни примери – изјави Анѓушев.

Рече дека Кеслер е една од компаниите која во ТИРЗ Бунарџик има закупено простор од 13.600 квадратни метри и планира да го прошири со нови 5.000 квадратни метри и дека ја расчистуваат површината за да изградат високотехнолошка фабрика за производство на електромотори, електрични компоненети и електронски компоненти за ЦНЦ машини и за електрични возила. 


Слично

Поврзани вести