(ФОТО) Албанските фубалери во Тирана пречекани како светски шампиони
Неколку илјади граѓани во Тирана ги пречекаа фудбалерите од националната репрезентација, по нивното враќање од Белград, каде натпреварот беше прекинат во 41 минута заради инцидент.
Албанските фудбалери кои заминале со авион веднаш по прекинот на натпреварот, на аеродромот во Тирана ги пречекале неколку илјади фанови за да го поздрават нивниот потег.
Албанскиот премиер Еди Рама рекол дека е горд на своите фудбалери, а дека Србија со натпреварот направила лоша слика за себа.
„Горд сум што црвено-црните ја добија фудбалската војна. Во исто време жалам за комшиите затоа што во светот испратија лоша слика за себе“, рекол Рама.
Токму неговиот брат српските власти го сметаат за одговорен за пуштањето дронот со мапата на Голема Албанија, инцидент што го испровоцира прекинот на натпреварот.
И Олси Рама, братот на албанскиот премиер, по натпреварот одлетал за Тирана, иако претходно бил задржан поради сомнение дека тој управувал со беспилотното летало.

Слично