Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Албанскиот херој Болетини доби споменик во Скопје

(ФОТО) Албанскиот херој Болетини доби споменик во Скопје

По повод стогодишнината од смртта на алабнскиот борец Иса Болетини, денеска беше поставен неговиот споменик во Скопје.

Четириметарската склуптура на Болетини е поставена на плоштадот во општина Сарај, а неговото уредување ќе чини 300 илјади евра.

Склуптурата денеска ја отрки лидерот на ДУИ Али Ахмети.

spomenik_vo_saraj

„Добро е, да се види дека многумина ги продолжија твоите аманети насекаде каде што има Албанци. Многумина патеа затоа што те поддржаа, но, на крајот се оствари твојот сон“, истакна лидерот на ДУИ.

Болетини е албански националистички борец, кој кон крајот на 19 и почетокот на 20 век се борел против Отоманската империја, и српските и црногорски сили. За србите Болетини е еден од најголемите борци за Голема Албанија.

Неговиот лик пред две години беше закачен на знаме на дрон, кој леташе над стадионот на меч меѓу Србија и Албанија. На знамето беше и ликот на Исмаил Џемаили и карта на Голема Албанија.

(Фото: Teлма)

Слично

Поврзани вести