Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ако не верувате во она што го работите не почнувајте бизнис

(ФОТО) Ако не верувате во она што го работите не почнувајте бизнис

Музејот со кирбитчиња во Сремски Карловци е единствен таков во овој дел на Европа. 

Вакви музеи има неколку во целиот свет. 

Тој постои од 2013 година и располага со 40.000 експонати. 

Јована Поповиќ Банишек која е основач вели дека ова е расадник на креативни идеи. 

Таа раскажува дека кибритчињата ги добила во наследство, а бидејќи имала искуство со уметност и музејска дејност, сакала оваа идеја да ја реализира. 

Прво со колекцијата од кибритчиња направила изложба и видела дека има интерес и од обичните посетители. 

Решила дека куќата во која живее од 2008 година може да ја направи музеј и да ја стави на располагање на оние кои сакаат да уживаат во кирбитчињата. 

„Во секој случај капиталот со кој ја почнав приказната за поединец не е занемарлив, но не е некое огромно вложување“ - раскажува Поповиќ Банишек. 

Вели дека кога има квалитет и посетителите се задоволни, на крајот од оваа работа има и финансиска сатисфакција иако ова не е класичен бизнис. За овој бизнис додава дека најважно е да се има ентузијазам. 

Слично

Поврзани вести