Фото: Ако испазарите во Веро за 30 минути нема да платите паркинг
Компанијата „Веропулос“ воведе нов систем на платен паркинг пред еден од своите најголеми супермаркети во Скопје. Така пред маркетот Веро во Тафталиџе паркингот ќе се регулира, со работно време од 8 до 22 часот.

Новиот режим на паркирање е скроен за да одговара на потребите на тие кои што доаѓаат во Веро за да купуваат, односно да нема злоупотреби од страна на други возачи кои привремено ги користат паркинг местата, а не влегуваат во маркетот.

Првите 30 минути се бесплатни за паркирање, па така сите кои ќе дојдат во Веро да пазарат ќе имаат доволно време да ги наполнат кошничките. За секоја сметка над 300 денари се добива бесплатен паркинг во времетраење од 2 часа.

Инаку, еден час паркирање пред Веро маркетот во Тафталиџе ќе чини 20 денари, а два часа ќе чинат 40 денари.
На влезот на паркинг просторот пред Веро маркетот се поставени и валидатори на билети, а ако го загубите паркинг билетот ќе мора да платите 500 денари оштета, па затоа чувајте ги издадените билети се до излегување од паркинг местото.
