(ФОТО) 4 точки, со кои треба да се ослободите од главоболка за помалку од 5 минути
Ако како последица на долгиот работен ден, стресот или тензии, чувствувате болна главоболка, не брзајте да посегнувате кон лекови. Има алтернативен метод преку кој само за неколку минути ќе се ослободите од проблематичната состојба. Неговата ефикасност се постигнува преку стимулирање на циркулацијата во областа на следниве клучни точки:
Точка 1 - таа се наоѓа точно во средината помеѓу двете веѓи.
Точка 2 - симетрично распоредени точки во областа на слепоочниците. Се наоѓаат на околу 2 сантиметри од надворешниот раб на веѓите. Блокирајте ги истовремено.
Точка 3 - две симетрично распоредени точки над надворешните рабови на веѓите. Се наоѓаат таму каде што е линијата на раст на косата формира нешто како агол. Блокирајте ги истовремено двата „врва“ на овие агли.
Точка 4 - таа не се наоѓа на лицето, туку на главата. За да ја најдете, протнете замислена линија од едното до другото уво. Во средината на оваа линија, во највисокиот дел на главата, е сместена точка 4.
Како правилно се притискаат точките?
Со кружни движења со врвот на прстите масирајте ги сите точки по 1 минута (за секоја точка). Притискајте доволно силно, но не и да чуствувате болка.

