Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) 12-те услови кои Еврогрупата и ги постави на Грција

(ФОТО) 12-те услови кои Еврогрупата и ги постави на Грција

По завршувањето на средбата на Еврогрупата министерот за финансии на Финска, Александар Стуб најавил серија услови под кои може да се продолжат преговорите за доделување на трет спасувачки пакет за Грција.

Предлозите на Еврогрупата, кои во моментов се разгледуваат на ниво државни лидери на земјите од еврозоната, вклучуваат клучни реформи кои Грција треба да ги прифати како закони до среда.

Во светските медиуми протече листата со 12 услови за реформи, кои Еврогрупата ги бара од властите во Атина.

Според уреднчката на „Политико“ Тара Палмиери, која прва ја објави листата барањата мора да бидат исполнети до среда. Нема сепак официјален коментар на оваа тема, а некои коментатори изразуваат сомнежи дека сите овие закони треба да се протуркаат до среда.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/tarapalmeri/status/620262473476763649[/embed]

Во изминатите 4 страници, за кои се тврдеше дека се дискутира во моментов од европските лидери, може да се види и германскиот предлог за „привремено излегување на Грција од еврозоната“. Тоа сепак е во загради, што според Тара Палмиери од „Политико“ значи дека во него нема едногласност во Еврогрупата.

Еве ја листата со услови кои протекоа од „Политико“:

1. Реформи во ДДВ

2. Проширување на даночната основа

3. Стабилизирање на пензискиот систем

4. Прифаќање на граѓански законик

5. Гарантирање на независноста на грчката статистичка служба „ЕЛСТАТ“

6. Целосна имплементација на автоматското намалување на трошоците

7. Спроведување на директива за обнова и реструктуирање на банките

8. Приватизација на електричната мрежа

9. Одлучна акција на лошите кредити

10. Гарантирање на независноста на приватизација на „TAIPED“

11. Деполитизација на грчката администрација

12. Враќање на тројката во Атина

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ги прекина преговорите меѓу сите 18 делегации и ги собра клучните играчи со цел постигнување на компромис. По последните информации преговараат Алексис Ципрас, министерот за финансии Евклид Цакалотос, Ангела Меркел и Франсоа Оланд.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/EdConwaySky/status/620272062771429377[/embed]
Слично

Поврзани вести