Економија, финансии, бизнис

Контакт

Форумот на слободоумни патриоти загрижени за она што и се случува на Македонија

Форумот на слободоумни патриоти загрижени за она што и се случува на Македонија

Форумот на слободоумни патриоти ја искажуваатсвојата загриженост за настанатата ситуација во државата и немилите сцени кои се случуваат, а предизвикани само со една одлука на Ѓорѓе Иванов

„Сакаме да укажеме и на дел од последиците кои ќе произлезат од оваа одлука на Иванов, одлука со која само се продлабочи кризата, до степен до кој последиците се веќе катастрофални и работите излегуваат од контрола. За нас несватлива е реториката на Иванов, со која тој буквално ги наруши односите со голем број на држави со кој Рапублика Македонија градела пријателски односи и од кои сме имале поддршка на меѓународен план. Со ваквата одлука лицето Иванов ја втурнува Македонија во предфаза на меѓународна изолација со катастрофални последици. Не ни сакаме да веруваме дека е можно да дојде до укинување на визниот режим, повлекување на помошта за бегалската криза, како и целосно стопирање на поддршката на Македонија за прием во ЕУ и НАТО“.

Како излез од кризата го предлагаат следното:

• Лицето Ѓорѓе Иванов да престане да се однесува како мало дете, да престане да прави штета на угледот на Република Македонија и итно и безусловно да ја повлече одлуката. • Партиите да се вратат на спроведувањето на договорот од Пржино, како и кон имплементирањето на забелешките од Извештајот на ЕУ екпретската група предводена од Прибе и Венецијанската комисија. • Да се покрене иницијатива за укинување и трајно одземање на можноста да Претседателот на државата може да аболицира или помилува криминалци. • Сите инволвирани во криминал и корупција да подлежат на одговорност согласно позитивните законски прописи и за оние за кои ќе се докаже дека сториле кривично дела да се изрече мерка доживотна забрана со бавење со политика и да им се конфискува имотот.

Форумот на слободоумни патриоти сака да го повика раководството на ВМРО ДПМНЕ да прекина да ги злоупотребува и да се крие позади четирите свети букви. Мора да понесете одговорност за сите злодела кои ги направивте, а ако сте навистина невини како што тврдите бараме веднаш да ја одбиете аболицијата и доколку лицето Иванов продолжи да се инаети и да се однесува како мало дете, да ја поддржите иницијативата за негов импичмент. Не може Македонија да ја ставате заложник на вашите лични интереси, политичко опстојување и легализирање на криминалот кој го направивте, одбијте ја аболицијата и докажете го спротивноти.

Слично

Поврзани вести