Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Форум на патриоти“ Формиран од членството на ВМРО-ДПМНЕ

„Форум на патриоти“ Формиран од членството на ВМРО-ДПМНЕ
Форум на патриоти е Формиран од членови на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението до медиумите во кое истакнуваат дека формирањето на форумот  е принципиелен патриотски и морален. Нивната се поголемата загриженост за правецот во кој се движи Република Македонија. „Поаѓајќи од уставно загарантираните човекови слободи и права, пред се од правото на здружување заради остварување и заштита на граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните и други слободи и права, Ние членовите на ВМРО ДПМНЕ и македонски патриоти го формиравме ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ (ФСП). Формирањето на Форумот – ФСП е принципиелен патриотски и морален одговор на нашата се поголемата загриженост за правецот во кој се движи Република Македонија. Форумот на слободоумни патриоти се спротивставува на обидите и желбите за воспоставување на систем без систем односно на систем по мерка на политичките елити, на обидите авторитаризмот и тоталитаризмот да се протуркаат како елитен демократски артикл, лаицизмот да се нуди со етикетата на авангардност, на обидите злоупотребата на државите и партиските функции да се претстават како производ на светските цивилизациски трендови, а сиромаштијата на нашиот народ како продукт на идејата за колективно жртвување во името на некакви ,,повисоки” државни интереси“, стои во соопштението.
Слично

Поврзани вести