Формирана работна група за спроведување на препораките на комисијата за 24 декември
Работната група е формирана за имплементација на препораките од извештајот на комисијата за случувањата од 24 декември лани.
Ова е исходот од денешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на која учествуваа координаторите на сите пратенички групи, освен од ДПА, и потпретседателите на Парламентот.
За претседател на Работната група е избран Илија Димовски кој воедно е и член од ВМРО-ДПМНЕ покрај Благородна Дулиќ, а членови од СДСМ се Игор Ивановски и Цветанка Иванова. Претставник од ДУИ ќе биде координаторот Неџати Јакупи.
Слично
