Формирана неформална граѓанска платформа “Специјално за Специјално Јавно Обвинителство”
Деновиве се формираше нова неформална граѓанска платформа “Специјално за Специјално Јавно Обвинителство”, соопштија пред малку од Кабинетот на Специјалната обвинителка Катица Јанева. Оттаму велат дека „Специјално за СЈО е доброволна и неформална граѓанска платформа организирана за поддршка на работата и функционирањето на Специјалното Јавно Обвинителство како специјална институција која ќе помогне за да се врати и подобри владеењето на правото во Република Македонија“. Специјално за СЈО е автономно тело составено од граѓани на Р.Македонија кои како носител на суверенитетот на државата се првите повикани да воспостават владеење на право во државата. Специјално за СЈО ќе организира настани и реакции со една цел,зголемување на поддршката за ова институција, како и лобирање и директно помагање на работата и функционирање на институцијата и ќе се бори против сите препреки и опструкции за непречено функционирање на СЈО.
