Економија, финансии, бизнис

Контакт

Формирана Коалицијата за промени и правда, отворени се за сите кои сакаат правда

Формирана Коалицијата за промени и правда, отворени се за сите кои сакаат правда

Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО – Работничка партија и ДЕМОС денеска ја формираа Коалицијата за промени и правда.

Велат дека ова е во интерес на понатамошно заедничко дејствување во услови на исклучително сложена политичка состојба. Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, кажа дека  Платформата за дејствување, претставува одговор на граѓанскиот предизвик, да се формира силен политички блок, кој ќе дејствува за да се случат промени и правда во државата.

„Наша цврста определба е дека во Македонија мора да се спроведат длабоки реформи, за да се создадат услови за фер, демократски и кредибилни избори. Не е можно креаторите на кризата, сега самите тие да се наметнуваат како спасители на државата. Тие што ги кршеа изборните правила, ги прислушуваа граѓаните и ја ограбија Македонија, а Ѓорге Иванов, ги аболираше, нити сакам јас, ниту било кој треба со нив да разговара и преговара за слобода, демократија или владеење на правото. Уште помалку тие треба да бидат некаков фактор кој треба ЕУ и САД да го респектираат“- рече Трајанов.

Тој ги повика и другите партии и поединци да им се приклучат.  Тие бараат формирање на експертска Влада, повлекување на аболицијата и создавање услови за политичка и кривична одговорност за сите што се вмешани во криминал.

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ вели дека треба да им се покаже патот и местото на мрачните политички сили. Од Коалицијата кажаа дека се отворени за  партии, граѓанскиот сектор и сите оние кои се залагаат за правда, стабилност и мир.

Слично

Поврзани вести