Економија, финансии, бизнис

Контакт

Формирана е работна група, ќе ги имплементира препораките за „црниот понеделник“

Формирана е работна група, ќе ги имплементира препораките за „црниот понеделник“
Формирана е работната група што треба да го имплементира договореното од извештајот на комисијата за случувањата на 24 декември. На координацијата кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски е договорено да учествуваат координатори од сите пратенички групи, додека ДПА одби да учествува. Претседател ќе биде Илија Димовски, а во комисијата учествуваат и Благородна Дулиќ од ВМРО ДПМНЕ, додека од СДСМ се Игор Ивановски и Цветанка Иванова, а од ДУИ Неџати Јакупи. Според Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, брзото завршување на работата на комисијата е важна за земјава да добие позитивен извештај од Европската комисија. „Работната група нема мандат да зборува за никаква политичка одговорност, во делот на политичката одговорност ставот на ВМРО-ДПМНЕ ви е јасен и многупати повторен. Ние сме согласни да ги исполниме препораките коишто стојат во извештајот“, изјави Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. И за премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање, работната група ќе се занимава исклучиво со препораките и заклучоците за кои сите имаат дадено согласност. Брзо почнување со работа на Работната група е потребно според Игор Ивановски од СДСМ кој за координација кај претседателот на собранието,  Трајко Вељаноски изјави дека била техничка. „Очекуваме работната група веднаш да почне со работа со оглед на тоа што во договорот за имплементација на извештајот се содржани бројни обврски кои значат содржински измени на лошото и катастрофално функционирање на парламентот“, изјави Ивановски. Извештајот на Ад-хок комисијата беше потпишан во понеделникот во Клубот на пратениците од страна на  претседателот на комисијата Борче Давитковски и нејзините членови од ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски и Благородна Дулиќ и од СДСМ Љубомир Фрчкоски и Рената Десковска Треневска. На неговото потпишување му претходеа бројни препукувања меѓу власта и опозицијата, како и предлог од страна на премиерот за распишување на предвремени избори, што го одби и опозицијата и ДУИ.
Слично

Поврзани вести