Економија, финансии, бизнис

Контакт

Формирана комисијата за црниот понеделник?

Формирана комисијата за црниот понеделник?
Комисијата за т.н. црн понеделник конечно ја договорија власта и опозицијата. Врвен правник, чие име се уште не се соопштува ќе раководи со телото што ќе треба да ја утврди одговорноста и причините за случувањата што ја предизвикаа неколку месечната политичка криза, пишува Алфа. Партиски извори од СДСМ тврдат дека ставовите меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ се усогласени, а личноста која ќе претседава со Комисијата, наводно ја прифатила обврската. Најавуваат дека веднаш по Велигден, во вторник ќе биде обелоденет целосниот состав на Комисијата и ќе бидат прецизно дефинирани задолженијата што ќе ги имаат членовите. Опозицијата ќе ја претставуваат професорите на Правниот факултет, Рената Тренеска-Десковска и Љубомир Фрчкоски а власта, поранешната судијка Благородна Дулиќ и пратеникот Илија Димовски. Во работата на Комисијата ќе учествува и странски експерт, но, тој нема да има право на глас.
Слично

Поврзани вести