„Форбс“ за Македонија – Европа има нов бизис рај
Новиот бизнис рај во Европа. Вака угледниот економски магазин „Форбс“ гледа на нашата држава. Имено, магазинот, во своето ноемвриско издание, посветил цела едиција на Македонија.
„Македонската про-бизнис Влада ги спроведе мерките за стимулација на инвестициите, договорите за слободна трговија и правните гаранции за земјата да биде профитабилна и конкурентна за потенцијалните инвеститори... При отворање на бизнис, едношалтерските и онлајн системи, овозможуваат регистрирање на компанија за само четири часа... а оперативните трошоци се пониски од оние на соседните земји“ пишува Форбс во анализата.
Списанието анализата ја поткрепува и со нивното сопствено рангирање кое Македонија ја става на 37-та позиција на „Најдобри земји за бизнис“ со скок од 45 места за 6 години.
Освен на економијата, едицијата се осврнува и на политиката. Според магазинот, Македонија е на прагот на ЕУ, а веќе 5 години ги исполнува сите критериуми за членство во НАТО.
„Иако спорот со Грција околу употребата на името сè уште претставува бариера, Македонија неодамна доби пофалби од ЕУ за нејзината демократија, правен систем и економија, и останува на вистинскиот пат за интеграција во двете организации“ пишува „Форбс“.
Специјалната едиција е резултат на договорот за соработка меѓу македонската Влада и американскиот бизнис магазин кој беше потпишан во септември.
„Ние сме среќни што ќе работиме со Македонија и ќе ги промовираме можностите кои ги овозможува Македонија, како што е неверојатно добриот даночен режим, рамниот данок што како стратегии Форбс ги поддржува, како и пријателската бизнис околина“ изјави Kристофер Форбс, потпретседател на корпорацијата „Форбс“ (септември 2013).
Кон крајот на септември во рамки на економскиот дел од посетата на САД, премиерот Никола Груевски ја посети корпорацијата Форбс, каде што имаше средба со нејзиниот потпретседател Кристофер Форбс.
Тогаш беше потпишан договор помеѓу Македонија и магазинот Форбс.
Слично
