Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОРБС: Време е да се нацртаат нови граници на Балканот

ФОРБС: Време е да се нацртаат нови граници на Балканот

Угледниот магазин Форбс објави анализа според која треба да се исцртаат нови граници на Балканот. 

Даг Бандоу, ја коментира за Форбс надворешната политика и вели дека САД никогаш не воделе логична политика кон Србија. 

Се наведува дека САД сакала едни нации да ги зачува, а други да ги разори при што се негирани многу злосторства. 

Во текстот пишува дека Југославија била вештачка творба и последните децении опстанала поради диктатура на Јосип Броз Тито. 

Пишува дека смртта на Тито го разбила единството на нациите. 

Форбс додава дека националистите ја искористиле ситуацијата, а цело време имало двојни аршини на Балканот. 

Бандоу се осврнува на проблемот со Косово, при што наведува дека масовно оваа српска територија е населувана со Албанци, а денес Приштина е место каде се кријат криминалци, злосторници, па и радикални исламисти. 

Подолу во текстот се споменува дека Србите од северот на Косово сакаат да бидат дел од Србија и тоа треба да им се овозможи. 

Слично

Поврзани вести