ФОРБС ЛИСТА НА ЗЕМЈИ ДОБРИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС: Македонија заврши на дното
Магазинот Форбс ја објави листата на најдобри земји за бизнис за оваа година, при што Македонија е рангирана како една од најслабите.
Од регионот Словенија е на 31 место, Србија е на 56, Романија на 41, Бугарија на 46, Хрватска на 52, а Македонија е на 68 место, додека Црна Гора е на 72, Албанија е на 74 и БиХ на 98.
На прво место е Британија, втора е Шведска, трета е Хонг Конг, зад неа е Холандија, петта е Нов Зеланд. Во предвид се земени 15 фактори меѓу кои се имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, квалитет на живот, работна сила, големина на пазарот.
Слично
