„Форбс“ ги објави најбогатите руски семејства
„Форбс“ ги открива најбогатите руски семејства.
Семејството на основачот на индустриската и енергетска група БИН, Михаил Гуцериев ја предводи рејтинг листата на најбогатите семејни кланови во Русија за 2016 година. Неговото богатство се проценува на 9,8 милијарди долари, покажува листата на „Форбс".
Второ со богатство од 2,8 милијарди долари е семејството на Аркадиј Ротенберг, кое е стекнато од нарачки на „Газпром". Во првата тројка влегуваат и браќата Алексеј и Дмитриј Ананиев, сопственици на компанијата „Промсвазкапитал". Нив богатството им изнесува од 2 , 8 милијарди долари. На четвртото место е семејството на косопственикот на банка „Русија", Николај Шамалов чиј помал син, 34-годишниот Кирил Шамалов влезе во листата на 200-те најбогати бизнисмени во Русија, каде го зазеде 64-то место. „Форбс" ја процени општата состојба на семејството на 2,4 милијарди долари. Петорката се затвора со семејството на Шајмиев - поранешниот претседател на етничката република Татарстан, кој има 1,7 милијарди долари.
