Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фондот за иновации со оглас за поддршка на старт ап и спин оф компании

Фондот за иновации со оглас за поддршка на  старт ап и спин оф компании

Фондот за иновации со 450 000 евра ќе финансира 15 старт ап и спин оф компании.

Според иницијаторите на оваа институција и проект овие иновации се потребни за осилно придвижување на економијата.

Вчера по повод отварањето на новата канцеларија на Фондот , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е радосен што тече овој проект.

„Во најголемите и најуспешните економии, иновациите се двигателот на развојот на економијата и на отворање нови работни места. За жал, во минатото тоа кај нас беше запоставено, беше ставено на маргините на општеството, со  едно сериозно отсуство на самодоверба  дека и ние можеме да направиме иновации коишто ќе бидат конкурентни на меѓународно ниво, рече Груевски.

Повикот е отворен до 1 август а директорката Поповска потсетува дека и оваа година ќе бидат финансирани претпријатијата не постари од 6 години.

„Она што ќе го поддржуваме и оваа година се микро, мали и средни претпријатија кои постојат најмногу шест години и кои имаат иновативен проект, рече таа.

Слично

Поврзани вести