Фондот за иновации со нов повик за грантови
Вториот повик за кофинансирани грантови за старт ап и спин оф претпријатија, ќе биде објавен до крајот на месецов. Финдот за иновации и технолошки развој ќе додели околу 1,78 милиони евра, најави директорката Јасмина Поповска.
,,За разлика од првиот повик, ќе имаме и новини. За старт ап претпријатијата останува условот претпријатието да е најмногу до шест години старо, но кај другите веќе нема ограничување. Значајно е да има микро, мало или средно претпријатие кое аплицира", изјави Поповска.
Слично
