Фондацијата „Рокефелер“ организира балкански форум за регионална соработка во Солун
Во организација на фондацијата „Рокефелер“ денеска во Солун започна првиот Форум за регионална соработка на Балканот. На средбата учествуваат политички лидери, претставници на невладини организации и бизнисмени од Балканот.
Форумот се одржува зад затворени врати и на него ќе се разгледуваат идеи и иновативни стратегии за трансформирање на регионот и за негово поактивно учество во европските и светските процеси.
Дускусиите ќе се водат на теми поврзани со регионалните образовни процеси, човечкиот потенцијал, инфраструктурата, животната средина и економскиот развој.
Слично
