Фонд на ПИОМ: Исплатена ноемвриската пензија без никакви проблеми
Исплатата на ноемвриската пензија е извршена и нема никаков проблем во тој дел од работата на Фондот на ПИОМ, нагласи директорот Никола Мемов на денешната 25. седница на на Управниот одбор на Фондот.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување претходно уверуваше дека исплатата на пензиите не е загрозена и дека ноемвриските пензии ќе почнат да се исплаќаат редовно на 1 декември. За овој месец се обезбедени вкупно 9,3 милијарди денари, средства кои се дел од редовниот циклус на исплата и се координирани со Владата.
Пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска претходно објави дека нема доволно пари во буџетот за исплата на декемвриските пензии.
Слично
