Фон дер Лајен: Русија го прекина снабдувањето со гас за 12 земји-членки и сите ние мора да се подготвиме за најлошото
Европа да се подготви за најлошото, порача претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, за снабдувањето со руски гас.
„Бидејќи Русија веќе целосно или делумно го прекина снабдувањето со гас за 12 земји-членки [ЕУ], сите ние мора да се подготвиме за најлошото“, изјави Фон дер Лејен за шпанскиот весник „Ел Мундо“.
Русија ја прекина испораката на гас за неколку држави од ЕУ поради нивното одбивање да ја платат испораката во рубли. Тоа е барање за кое европските земји велат дека е поврзано со обидите на Кремљ да го ублажи влијанието на западните санкции врз Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Руската компанија Gasprom го намали протокот на природен гас кој тече низ гасоводот Северен тек 1 од Русија во Европа на само 20% од вкупниот капацитет.
Во Германија, како дел од мерките за заштеда на гас, се рестартира првата термоцентрала на јаглен, која веќе беше затворена, објави денеска Федералната агенција за мрежна инфраструктура.
