Фон дер Лајен потпиша, ЕУ најде земја од каде ќе добива повеќе гас
Eвропската Унија(ЕУ) ќе добива повеќе гас од Азербејџан.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска во главниот град на Азербејџан, Баку потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство во енергетскиот сектор.
Азербејџан веќе ги зголеми испораките на гас во ЕУ, од 8,1 милијарди кубни метри во 2021 година на 12 милијарди во 2022 година, врз основа на зајакната енергетска соработка. Фон дер Лајен рече дека новиот Меморандум отвора ново поглавје во енергетската соработка со Азербејџан, кој е клучен партнер на ЕУ за намалување на зависноста од руските фосилни горива.
„Ние не сакаме само да го зајакнеме постојното партнерство… туку и да ги поставиме темелите на долгорочно партнерство во областа на енергетската ефикасност и чистата енергија“, рече претседателот на Комисијата.
Меморандумот предвидува обврска да се удвои капацитетот на гасоводот Јужен гасен коридор со цел до 2027 година да испорача најмалку 20 милијарди кубни метри гас во ЕУ годишно.Компанијата „Гаспром“ прогласи дека „виша сила“ за испораките на гас во Европа што ќе погоди најмалку еден голем купувач, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на писмо на рускиот енергетски холдинг во кое имаше увид денеска. Во писмото што е адресирано на 14 јули се наведува дека „Гаспром“ не може да ги исполни своите обврски поради „вонредни околности“ што се надвор од негова контрола.
foto freepik.com
