Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фолксваген „вработи“ стадо овци, еве што пишува во описот на нивното работно место

Фолксваген „вработи“ стадо овци, еве што пишува во описот на нивното работно место

Фолксваген има некои необични нови „работници“ во една од своите европски фабрики - 100 овци кои пасат на соларна фарма во Познањ, Полска.

Соларна фарма обезбедува енергија за фабриката на Фолксваген во овој град, а овците сега ги заменуваат косилките за трева и стануваат дел од поширок научно-истражувачки напор.

Станува збор за агроволтаичен проект, концепт што ги комбинира производството на електрична енергија и земјоделството на истата локација. Научниците од Универзитетот за биолошки науки во Познањ следат како пасењето влијае на благосостојбата на животните, биодиверзитетот, квалитетот на почвата, вегетацијата и микроклимата на локацијата.

Фолксваген вели дека соларната фарма денес не само што произведува зелена енергија, туку придонесува и за локалното земјоделство, науката и зачувувањето на природата.

Агроволтаиката е сè поинтересна за енергетскиот сектор бидејќи овозможува двојна употреба на земјиштето. Досега, разни култури најчесто се одгледуваа под соларни панели, но примерот на Фолксваген покажува дека и добитокот може да биде дел од овој одржлив модел.

Бука Србија

Слично

Поврзани вести