Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фолксваген нема да гради фабрика во Турција, имаат добра причина

Фолксваген нема да гради фабрика во Турција, имаат добра причина

Германскиот произведувач на автомобили Фолксваген нема да инвестира во Турција. 

Инвестицијата вредна милјарди евра е откажана. Според планот, требаше да се гради нова фабрика во близина на турскиот град Измир, но поради воената офанзива на Турција на северот на Сирија таа е откажана. Ова го  соопшти денеска портпаролот на компанијата.

„Управата на концернот ја одложи конечната одлука за новиот производен погон. Фолксваген внимателно ја следи ситуацијата и е загрижен околу развојот на настаните“ - соопшти портпаролот на германската компанија.

Откажувањето на изградбата е поради влегувањето на турски трупи во северна Сирија. 

Слично

Поврзани вести