Фолксваген и Бош бараат и неквалификувани работници од Македонија
Со новиот закон за eмиграција, федералната германска влада сака да ја прошири законската рамка за прибирање на неквалификувани работници од земји кои не се членки на ЕУ. Советот на експерти за миграција го поддржува ова.и смета дека во Германија е потребна 400.000 нето-емиграција годишно.
На барање на германската влада, препораката за работници без обука и искуство доаѓа од влијателниот Совет на германските фондации за миграција (СВР). Проектот ги советува политичарите за прашања поврзани со емиграцијата и интеграцијата. Финансиран е од Фолксваген, Меркатор, Бертелсман, Бош и други главни фондации.
Можностите за странски емигранти од земји надвор од ЕУ се мошне мали, пишуваат истражувачите од миграцијата во студијата објавена денеска
Високиот процент на неквалификувани работници се должи на специјалните регулативи за Западен Балкан воведени во 2016 година; Ова им овозможува на луѓето од шест држави Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија да добијат дозвола за престој за секој вид на вработување.
По долг спор, првиот предлог за закон за имиграција е достапен. Научниците препорачуваат дека е потребна поголема стапка на легална емиграција на неквалификуваните граѓани на ЕУ и балканските жители од она што е денес.
