Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фолксваген“ продаде имот во Русија: Германскиот производител официјално се повлече

„Фолксваген“ продаде имот во Русија: Германскиот производител официјално се повлече

„Фолксваген“ доби одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија „Авилон“.

Завршена е продажбата на акциите во руската „Фолксваген груп“, вклучително и фирми-ќерки, се вели во соопштението.

Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга.

Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори фабрика во Калуга во 2007 година.

Фото: EPA

Слично

Поврзани вести