ФОЛКСВАГЕН АФЕРА: Скандалот со издувните гасови зема и човечки животи
Неодамнешниот скандал за автомобилската компанија Фолксваген, го потресе светот откако беше откриено дека компанијата мамела за емисијата на штетни гасови од нивните автомобили.
Со ова, германскиот автомобилски гигант ја доживеа и првата квартална загуба во последните 15 години.
Но, она што е пострашно од нивното лажирање, се последиците од таа афера.
Институтот за технологија (МИТ) во Масачусетс, објави студија која покажува дека Фолксваген аферата ќе земи и човечки жртви.
Со прикривање на токсичните емисии на повеќе од 482.000 на своите возила со дизел мотори во САД, тоа директно ќе придонесе за над 60 прерани смртни случаи.
Според студијата, нивото на загаденост, помножено со бројот на возила со лажиран систем за мерење издувни гасови во САД, меѓу 2009 и 2015 година, покажало дека аферата ќе предизвика луѓето да умрат една или две децении порано отколку што инаку би живееле.
Ако компанијата не го врати секое возило со лажиран систем, тоа би ја зголемила и бројката на жртвите.
Овие штетни емисии на издувни гасови, нема само да предизвикаат прерана смрт. Според Студијата тие ќе предизвикаат и хроничен бронхитис и респираторни заболувања.
