Економија, финансии, бизнис

Контакт

VW АФЕРА: Над 2 милиони автомобили на АУДИ имале софтвери за лажирање на гасовите

VW АФЕРА: Над 2 милиони автомобили на АУДИ имале софтвери за лажирање на гасовите

,,Ауди'' призна дека над 2,1 милиони дизел автомобили биле опремени со истиот софтвер, кој и овозможи на германската компанија Фолксваген (VW) да ги лажираат податоците за загадувањето од издувните гасови.

Во оваа афера се вклучени моделите А1, А3, А4, А5, А6, ТТ, Q5 и Q3 .

Оваа вест беше објавена, откако германските обвинители отворија истрага против поранешниот главен извршен директор на Фолксваген Мартин Винтеркорн. Истрагата е фокусирана на " обвинувања за измама во продажба на автомобили со изманипулирани податоци за издувните емисии".

Аферата Фолксваген ја шокира јавноста, откако беше обелоденето дека над 11 милиони од своите автомобили биле опремени со софтвери кои ги лажирале податоците од тестирањата на перформансите.

Скандалот го извалка брендот ,,Направено во Германија" , а истиот ќе ја чини компанијата над 18 милијарди долари парични казни.

Оваа афера ги погоди и акциите на компанијата, па утрово тие продолжија да паѓаат на берзата во Франкфурт. Акциите потонаа за дополнителни 6,6 отсто на 100, 20 евра.

Слично

Поврзани вести