„ФОКУС“ ОТКРИВА: Илегална фабрика за македонски пасоши!
Видеоматеријал од 45 секунди и 14 фотографии кои покажуваат дека во приватен стан или куќа, рачно се изработувале македонски пасоши, доставил анонимен граѓанин до „Фокус“. Според неделникот, пасошите можеле да бидат употребени во изборни цели.
Весникот ги објави снимките, а материјалот го доставил и до Јавното обвинителство. На снимките можат да се видат стотици пасоши наредени во картонски кутии.
Анонимниот доставувач во интерес на својата сигурност не изнел повеќе детали, а не кажал ниту зошто снимките го доставил до медиумот, а не до институциите.
Целиот текст може да се прочита во печатеното издание на Фокус, кое е во продажба.
http://www.youtube.com/watch?v=TmOOEZWVyKI
ВИДЕО И ФОТО: Фокус
Слично
