Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фокус“ осуден – на Мијалков треба да му плати 9.000 евра

„Фокус“ осуден – на Мијалков треба да му плати 9.000 евра
Згаснатиот дневен весник „Фокус“ треба да му плати околу 9.000 евра обесштетување на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, за нарушување на неговата чест и углед. Според пресудата на Основниот суд Скопје 2, Јадранка Костова, главен и одговорен уредник на „Фокус“, е казнета со 5.000 евра, новинарот Владо Апостолов со 1.000 евра, а уредникот и новинарот треба да ги надоместат и судските трошоци на адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски, во вредност од 3.312 евра. Во судскиот процес обвинет беше и поранешниот амбасадор на Македонија во Чешка, Игор Илиевски, кој, пак, на Мијалков, исто така треба да му плати 10.000 евра за клевета. Мијалков го тужеше „Фокус“ за објавени два текста во кои се пренесуваа изјавите на поранешниот амбасадор Илиевски. Како тужител тој не се појавил на ниту едно рочиште.  
Слично

Поврзани вести