Економија, финансии, бизнис

Контакт

Физика и хемија ќе се учат од прво одделение?

Физика и хемија ќе се учат од прво одделение?
Новина во образованието од следната учебна година - физика, хемија, биологија ќе учат учениците од прво до трето одделение. Овие природни науки, кои се воведуваа во подоцнежните одделенија, сега учениците ќе мора да ги изучуваат од стартот на основното образование, објавува Фокус, од каде за промените добиле потврда од Бирото за развој на образованието. „Спирална наставна програма, ова значи дека учениците учат одредена тема, но подоцна во наставата се навраќаат на истата тема и ја изучуваат на повисоко ниво. Друга карактеристика е: Научни истражувања, чија што цел е да се насочат учениците на вистинскиот пат за да станат идни „научници“. И карактеристиката: Решавање на проблеми, односно учениците многу лесно ќе научат дека математиката и природните науки се важни и ќе помогнат во решавање на проблемите во секојдневниот живот“, тврдат од Бирото за развој на образованието. Најпрвин ќе одржат обуки за наставниците, а ќе добијат и „Водич за наставници“, со совети за квалитетно планирање и реализирање на наставата. Наставната програма по природни науки е застапена во четири содржински области: Научно истражување, Биологија, Хемија и Физика, а ќе се реализира со фонд од 2 часа неделно, односно 72 часа годишно. Наставната програма по математика е поделена на пет подрачја: Броеви, Математички операции, Геометрија, Мерење, Работа со податоци и Решавање проблеми, а ќе се реализира со фонд од 5 часа неделно, односно 180 часа годишно. Родителите, пак, се загрижени дека овие предмети се претешки за децата на оваа возраст.
Слично

Поврзани вести