Економија, финансии, бизнис

Контакт

Физичките лица на „таен отстрел“ кај УЈП?

Физичките лица на „таен отстрел“ кај УЈП?

15 март е крајниот датум до кога физичките лица се обврзани до УЈП да ја поднесат годишната даночна пријава. Се работи за законска обврска за која граѓаните се информирани и генерално според минатогодишните искуства во голем процент истата се почитува.

Тоа на што поголем број од нашите читатели укажаа, а што е новина од минатата година , за која граѓаните посебно не се информирани и поради тоа сега и се затечени е што од 2015 границата физичко лице по автоматизам  станува ДДВ обврзник доколку ја надмине сумата од 1 000 000 денари. Досега овој износ изнесувашe 3 000 000 денари. Тоа значи дека сите граѓани кој до лани остварувале приходи од 1 000 000 до 3 000 000 денари и не биле ДДВ обврзници, од ова година по автоматизам влегуваат во таа група и се подложни на плаќањето на законски  предвидената обврска. Она што веројатно ретко кој го знае е дека, ефективно со 2015 година, физичките лица може да дојдат во ситуација "присилно" да станат ДДВ обврзници (на период од 5 години) доколку бруто примањата им надминуваат 1 мил. денари (во ова не се вклучени плати и пензии).

Во овој контекст има уште една битна карактеристика која создава забуна кај физичките лица, а тоа е дека во пресметката на споменатиот милион денари влегува и персоналниот данок, односно во законот имаат впишано дека ќе бидете „чарџани“ со 18% ДДВ, или сметано вкупно: „она што е ваше + она што и онака припаѓа на државата“! Што ќе рече, треба да платиш 18% данок и за "нивните" пари.

Ова прашање кое очигледно станува интересно, за жал неможете да го одговорите доколку ја посетите официјалната веб страна на УЈП. Впрочем, постојат единствено 3 начини да дојдете до вистинската информација:

- Да си прочитате во законот за ДДВ

- Да ја пронајдете во службен весник , што подразбира редовна претплата и следење на овој весник затоа што не знаете што и кога ќе биде објавено од тоа што вас ве засега, а притоа не сте ниту правник, ниту судија, ниту адвокат, ниту секретар во некоја институција.

- Да ви објаснат во УЈП кога ќе ве викнат на разговор за да ве известат дека покрај 11.11% персоналец, треба да платите 18% ДДВ + 250 ЕУР казна за не пријавување на данок. Ова бидејќи се подразбира дека сите граѓани треба да следат службен весник и да го знаат Законот за ДДВ . Како што стојат работиве, граѓаниве не ни се информирани  па "фрштат" казни на сите страни.

И сега по утврдувањето на вашата ново настаната ДДВ состојба УЈП автоматски ве регистрира како ДДВ обврзник за следните 5 години. Ќе ве посоветуваат дека треба да си направите печат и да издавате фактури ако издавате стан(ови), или имате некакви слични приливи .

Ова, би значело дека следните 5 години дури и да ви се намалат приходите по други основи на (да кажеме) 10 000ден годишен приход пак ќе треба да плаќате 18% ДДВ. Останува обврската на УЈП на своите граѓани да им го објасни системот на наплата на ДДВ за физички лица, затоа што не е во ред како што сега нејасно стојат работите истите да веруваат дека за иста сума државата ги  оданочува и со ДДВ и со персонален данок.

Слично

Поврзани вести