Фицо:Грција не треба да добие олеснување
Словачка не ја одобрува идејата Грција да добие повеќе време за намалување на националниот долг и нема да поддржи понатамошно отпишување на нејзините долгови.
- Грција најпрво треба да ја „плати цената“ па потоа можеме да им помогнеме. Мерките усвоени во Грција не го реши проблемот со задолжувањата, туку напротив задолжувањето се зголеми, оцени премиерот Роберт Фицо додавајќи дека не сака да биде екстремистички политичар кој сака „некого од некаде да го оттурне“.
Грција засега успешно го избегнува своето пропаѓање, се претпоставува дека успеа да продаде нови благајнички записи во износ од околу 937 милиони евра.
Слично
