Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНАЛИЗА: Фитилот на нафтеното оружје се разгорува!

АНАЛИЗА: Фитилот на нафтеното оружје се разгорува!
Мохамед Бази е професор во New York University и поранешен главен уредник за Блискиот Исток во списанието Newsday. Во моментов тој пишува книга за прокси војните меѓу Саудиска Арабија и Иран. Во статија за Ројтерс тој ја изложува својата гледна точка за однесувањето на Саудиска Арабија и причините за одбивањето на земјата да го намали производството на нафта. Во 1973 година египетскиот претседател Анвар Садат отиде на тајна посета во саудиската престолнина Ријад на средба со кралот Фајсал. Садат се подготвуваше за војна со Израел и имаше потреба Саудиска Арабија да го користи своето најдобро моќно оружје: нафтата. До тогаш кралот Фајсал не бил склон арапските земји од Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК) да го користат "нафтеното оружје". Но со започнувањето на израелско-арапската војна од 1973 година, арапските производители ги кренаа цените, го намалија производството и воведоа ембарго на нафтениот извоз, за да ги казнат САД за нивната поддршка кон Израел. Без Саудиска Арабија тоа ембарго немаше да стигне далеку. Денес Саудиска Арабија повторно го користи своето "нафтено оружје". Наместо да ги крева цените и да го намали производството, земјата го прави спротивното. При светскиот пад на нафтените цени од јуни, кралството одби да го намали производството, што би помогнало цените да се зголемат. Наместо тоа Саудијците го запреа ОПЕК од идејата за намалување на производството при последната средба на 27 ноември. Последиците од саудиската политика се невозможни за игнорирање. По две години на стабилни цени помеѓу 105 до 110 долари за барел паднаа од 112 долари за барел во јуни до околу 55 долари во вторникот. "Која е причината САД и некои сојузници на САД да сакаат да ја соборат цената на нафтата?", Праша реторички претседателот на Венецуела Николас Мадуро. Одговорот му беше: "За да ја направат ранлива Русија". Тоа е донекаде точно, но влогот на Саудиска Арабија е многу посложен. Кралството има две главни цели во последната нафтена војна. Таа се обидува да притисне и да ја истурка од пазарот американската екстракција на шкрилци нафта, која бара повисоки цени, за да биде конкурентна со конвенционалното производство. Во поширок план, целта на Саудијците е да казнат два конкуренти - Русија и Иран поради нивната поддршка за режимот на Башар ал Асад во сириската граѓанска војна. Откако почнаа немирите во Сирија во 2011 година, регионални и светски сили водат прокси (војна, започната од голема сила, која не сака да се меша директно) битки таму. Додека Саудиска Арабија и Катар вооружуваат голем дел од сириските бунтовници од Сириската слободна армија, режимот во Иран, и во помал степен Русија, обезбедуваат оружје и средствата кои го задржуваат Асад на власт. Од американската офанзива во Ирак во 2003 година традиционалните центри на власт во арапскиот свет - Египет, Саудиска Арабија и другите земји од Заливот, стануваат нервозни од растечкото влијание на Иран. Тоа се изразува во неговите нуклеарни амбиции, неговото влијание над ирачката влада, неговата поддршка за воените групи Хезболах и Хамас и унијата со сирискиот диктатор. Конфликтот во моментов е вистинска прокси војна меѓу Иран и Саудиска Арабија, која се разигрува во регионот. И двете страни го сметаат ривалството меѓу себе како конфликт, во кој победникот прибира сè. Ако шиитската организација Хезболах ги победат во Либан, тогаш сунитите во Либан и нивните патрони во Саудиска Арабија ќе одбележат загуба спрема Иран. Ако предводена од шиити, владата на Ирак ја зацврсти својата позиција и контролата над Ирак, тогаш Иран ќе освои уште една победа. Денес династијата на Сауд се зазела да ги поддржува сојузниците во Бахреин, Јемен, Сирија и каде уште се плаши од малициозно влијание на Иран. А кралството го возвраќа ударот на Иран и на Русија со своето најефикасно оружје. saud Русија и Иран се силно зависни од стабилни цени на нафтата. Според бројни предвидувања, Русија има потреба од цена која е околу 100 долари за барел, за да го исполни својот буџет. На Иран, кој е под посериозни западни санкции и е во економска изолација, му треба дури и повисоки цени. Иран веќе претрпе економски удар од саудиските дејствија. На 30 ноември, како резултат на одлуката на ОПЕК да не го намалува производството, иранскиот риал поевтини за околу 6% во однос на доларот. Кралството смета дека може да се заштити од ефектот на менување на цена. Секогаш може да го зголеми производството на нафта за да компензира опаѓање цените или може да го ублажи ударот, искористувајќи дел од своите огромни резерви во девизи, во вредност од 750 милијарди долари. Сепак Саудиска Арабија игра опасна игра. Има малку докази дека авторитарни режими како Русија и Иран ќе го променат своето однесување под економски притисок. Дури и полошо, саудиската политика може да се сврти против нив, правејќи ја Русија и особено Иран непомирливи против саудиското влијание на Блискиот Исток. Со тековните прокси војни во Сирија и Ирак, Саудиска Арабија ризикува да започне нафтена војна со Русија и Иран. Тоа е војна, која кралството можеби ќе ја победи во краток рок, но како религиозните конфликти, активностите на Саудијците ризикуваат да го разгорат огнот, кој може да излезе надвор од контрола. К.К.
Слично

Поврзани вести