Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фити: Рекордните инвестиции од 624 милиони евра не значат само капитал

Фити: Рекордните инвестиции од 624 милиони евра не значат само капитал

Таки Фити, претседателот на МАНУ, веста за рекордните странски инвестиции од 624 милиони евра во 2018-та во Македонија ја коментираше како мошне позитивна за македонската економија, бидејжи според академикот, освен капитаот ќе значи и учење на нашите работници за модерното производство и управување.

- До 2006 скоро и да немавме странски директни инвестиции, скоро и да беа маргинални. Тие имаат огромно значење. Од една страна значат свеж капитал, од друга во материјална форма машини, опрема, технологија....она што ние го немамме. Тие значат трансфер на технологија, значат трансфер на знаење во областа на управување со фирмите. Ни ги пренесуваат менаџерските вештини овде кај нас. Она пренос на знаење ние што го викаме „ноу-хау“ за производи со висок степен на финализација, бидејќи кај нас доминира текстил, металургија и други стари традиционални гранки со низок степен на финализација и продуктивност. Ова затвора еден длабок јаз, бидејќи нашиот бизнис нема пари за да инвестира во сопствениот профит и посакуваната стапка на бруто-инвестиција од 30 отсто како што се посакува. Покрај тоа, доброто е што странските инвеститори не ја задолжуваат државата бидејќи се работи за нивни инвестиции како фирми - изјави Фити во синоќешното гостување на ТВ21.

Слично

Поврзани вести